|
Врз основа на член 5, 20 и 76 од Законот за здруженија на граѓани и фондации и (Службен весник на РМ бр. 31 од 02.07.1998 година) и член 22 од статутот на Здружението на Центар за институционален развој (ЦИРА), и врз основа на одлуката за измени и дополнувања на Статутот на ЦИРа (бр.ОМ/126-2005), Собранието на Здружението Центар за институционален развој (ЦИРА), на седницата одржана на 21.06.2005 година, го утврди пречистениот текст на
С Т А Т У Т
на Здружението Центар за институционален развој (ЦИРа)
I. ОПШТИ ОДРЕДБИ
Член 1
Здружението на граѓани Центар за институционален развој ЦИРа - (во понатамошниот текст ЦИРа) од е непрофитно и невладино здружение на граѓани, заради вршење на дејности и активности за унапредување на граѓанското општество и локалните заедници.
Член 2
Граѓаните се здружуваат во ЦИРа, заради задоволување на потребите од стручна и друга помош насочени кон развојот на граѓанското општество и на локалните заедници.
ЦИРа ги продолжува целите и пристапите на Институтот за трајни заедници од Вермонт, САД кој ја спроведуваше Програмата за демократска соработка наменета за развој на демократијата преку зајакнување на капацитетите на Здруженијата на граѓани во Репрублика Македонија.
Член 3
ЦИРа, своите цели, задачи и дејности ќе ги остварува во согласност со одредбите од Уставот на Република Македонија, со законски норми кои ја регулираат материја од оваа област и со овој Статут.
Член 4
Името на здружението на граѓани е Центар за институционален развој (ЦИРА) од Скопје.
Скратеното име е ЦИРа
Името на англиски јазик е “Центер фор Институтионал Девлопмент”. Скратеното име на англиски е исто така “ЦИРа”
Член 5
Основачи на здружението Центар за институционален развој (ЦИРА) се:
1. Зоран Стојковски
2. Жарко Конески
3. Наташа Стојковска
4. Сузана Пашариковска
5. Орхидеја Златкова-Коцарева
6. Никица Кусиникова
7. Јелена Јаневска
8. Зоран Богдановски
9. Оливера Живковска
10. Марина Тунева
11. Арта Емуши
12. Ирена Стевчевска
13. Гордана Стефковска-Велјановска
14. Билјана Пашариковска
15. Јетон Красники
Правата и обврските на основачите се истоветни со правата и ообврските на членовите на ЦИРа.
Член 6
Седиштето на ЦИРа е во Скопје, на ул. Диме Аницин 9.
ЦИРа се организира и делува на подрачјето на Република Македонија. Делувањето на некои активности може да биде и регионално во југоисточна Европа.
Член 7
ЦИРа од Скопје е правно лице.
ЦИРа од Скопје има свој печат и штембил.
Печатот е тркалезен и го содржи името на здружението: Центар за институционален развој ЦИРА од Скопје, англискиот назив на организацијата, а во средината се наоѓа амблемот на ЦИРА од Скопје.
Штембилот на ЦИРа од Скопје е правоаголен со следниот текст: Центар за институционален развој ЦИРА од Скопје, број, дата и место.
II. ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ НА ЗДРУЖЕНИЕТО И НАЧИНОТ НА НИВНОТО ОСТВАРУВАЊЕ
Член 8
Граѓаните се здружени во ЦИРа од Скопје заради остварување на поширок заеднички интерес, иа како посебни цели и задачи се:
Развој на граѓанското општество и локалните заедници за постигнување на видливи општествени промени. Овие цели ќе се остваруваат преку овозможување на учество на јавноста, застапување, зајакнување на капацитетите, промоција на улогата на невладините организации, како и стимулирање на соработката меѓу сите релевантни чинители и мобилизирање на локални ресурси.
Член 9
Главни стратешки цели на ЦИРА се:
1. Изградба на капацитети на граѓанските организации (ГО) и локалните заедници
2. Развивање на позитивната слика за ГО во јавноста
3. Создавање на позитивно опкружување за работа на ГО
4. Развој на локални заедници
III. ЧЛЕНУВАЊЕ ВО ЗДРУЖЕНИЕТО
Член 10
Член на ЦИРа може да биде секој граѓанин - државјанин на Република Македонија, државјанин на други држави, како и овластен преставник од Здружение на граѓани, фондација и друи правен субјект во својство на како колективен член, кои доброволно ќе пристапат кон Здружението со давање на писмена изјава.
Зачленувањето во ЦИРа се врши со пристапница, односно со издавање на членска книшка, која при исклучување или престанок на членувањето во здружението, задолжително се враќа.
ЦИРа за своите индивидуални и колективни членови води регистер на членството, кој се ажурира еднаш годишно.
Другите прашања за зачленување на индивидуалните и колективните членови, како и висината на членарината се регулирани со посебен правилник за зачленување во ЦИРа.
Член 11
Права и обврски на секој член во Здружението се:
- да предлага донесување одлуки и рамноправно да учествува во одлучувањето;
- да бира и да биде биран во органите на ЦИРа;
- редовно да плаќа чланарина;
- да присуствува на состаноците;
- да земе конкретно учество во спроведувањето на програмата и активностите на Здружението.
Член 12
Исклучувањето или престанокот на членството во ЦИРа се остварува во следните случаи:
- кога член на ЦИРА делува спротивно на законските одредби и одредбите од овој Статут
- кога член на ЦИРА не ја споделува мисијата на ЦИРа и делува спротивно на неа
- кога ќе се постигне взаемна согласност дека членувањето во ЦИРА не е целисходно
Секој член може доброволно да истапи од здружението.
Исклучувањето или престанокот се врши со одлука на Управниот одбор.
IV.ОСТВАРУВАЊЕ НА ЈАВНОСТ ВО РАБОТАТА
Член 13
Работата на ЦИРа е јавна.
Јавноста во работењето се обезбедува со редовно известување на членовите, други здруженија/НВО и на пошироката јавност за работењето и активностите на здружението, со увид во спроведувањето на програмските задачи, со поднесување извештај за работа на органите и телата на Здружението, за материјално-финансиското работење и друго.
За информирање на членовите и пошироката јавност се користи директна комуникација со печатот, радиото, телевизијата, компјутерските технолгии, како и билтени и други публикации на ЦИРА.
V. ФИНАНСИРАЊЕ НА ЗДРУЖЕНИЕТО ЦИРА
Член 14
Здружението остварува средства од:
- членарина;
- донации;
- грантови;
- буџет на РМ;
- провизии и други услуги од органи, здруженија, организации, институции, заедници;
- од трговски друштва;
- и од други услуги (имотни права и сл).
Член 15
Користење и располагањето со средствата на Здружението добиени по основите од претходниот член се врши на начин утврден со овој Статут и останатите законски норми и акти на Здружението.
Член 16
За користење и располагањето со средствата одлучуваат органите на Здружението, согласно надлежностите утврдени со овој Статут, кои преземаат мерки за економски целосообразно користење на средствата и за спречување и отстранувањее на незаконитостите.
Член 17
ЦИРа донесува годишен финансиски план за приходите и расходите на Здружението.
Финансисикиот план ги содржи приходите кои се стекнуваат по член 14 од Статутот, како и расходите за општествената активност, плати на вработените, заедничка потрошувачка на вработените, материјални трошоци за работа на Здужението и други расходи сврзани со работата.
VI.ОРГАНИ НА ЗДРУЖЕНИЕТО ЦИРА
Член 18
Органи на ЦИРа се:
1. Собрание
2. Управен одбор
3. Извршна канцеларија
1. СОБРАНИЕ
Член 19
Собранието на ЦИРа го сочинуваат сите членови на Здружението.
Собранието се состанува по потреба, а најмалку еднаш годишно.
Член 20
Седници на Собранието свикува претседателот на Управниот одбор.
Седници на Собранието се свикува и по предлог на 1/3 од вкупниот број членови на Собранието.
Начинот на свикување на седниците и работата на Собранието на Здружението се определува со Деловникот за работа на Собранието.
Член 21
Собранието полноважно одлучува ако се присутни повеќе од една половина од вкупниот број членови.
Собранието по правило одлуките ги донесува со мнозинство гласови од присутните членови.
Во надлежност на Собранието е следното:
- го донесува Статутот на ЦИРа и усвојува измени и дополнувања на истиот
- ги избира и разрешува членовите на Управниот одбор;
- усвојува програмска ориентација за работа на Здруженито за период од 4 години, операционализирано во среднорочниот план и годишната програма;
- го разгледува и усвојува извештајот за работа на Управниот одбор помеѓу две собранија;
- го разгледува и усвојува извештајот за материјално-финансиската состојба на Здружението помеѓу две собранија;
2. УПРАВЕН ОДБОР
Член 22
Управниот Одбор (понатаму УО) на ЦИРа брои од 7 до 9 членови.
Членови на УО треба да бидат луѓе со кредибилитет и авторитет во НВО секторот и во општеството, избрани од областите кои ги рефлектираат програмските интереси на ЦИРа, т.е. лидери на граѓанското општество, од областа на развојот, стопанството и науката.
Член 23
Членовите на УО ги избира собранието со мнозинството од бројот на членови кои гласале, но не помалку од една половина од вкупниот број членови.
Изборите за членови на УО ги распишува Претседателот на Управниот одбор, два месеца пред истекот на периодот за кој е избран постоечкиот УО.
Доколку не се изберат онолку членови колку што брои УО, постапката за избор на непополнетите места во УО се повторува во рок од два месеца.
Член 24
Мандатот на член на УО трае две (2) години и ќе остане член се додека не се назначи нов член на УО, односно до оставка, смрт или додека не е разрешен од своите должности.
Со цел да се зачува организациската историја на почетокот половина од членовите на УО ќе останат на должност дополнителни две (2) години.
Член 25
Управниот одбор од своите редови избира претседател и подпретседател со мандат од 2 години.
УО може да формира комисии како што ќе одлучи дека е потребно за да му помогнат на УО во спроведувањето на одговорностите.
Комисиите на УО немаат авторитет или моќ да делуваат во името на УО. Заклучоците или препораките ќе ги презентираат пред УО на разгледување.
Член 26
Претседателот на УО истовремено е и претседател на ЦИРа и тој го претставува и застапува Здружението.
Мандатот на престедателот на УО е две години со право на реизбор за уште еден манадат.
Задачите на претседателот на УО се да:
- претседава со сите состаноци на УО;
- повикува итни и вонредни состаноци на УО;
- се консултира со Извршниот директор за програмата на состаноците на УО ;
- ги назначува сите комисии, ако поинаку не е нагласено од УО ;
- го има правото, како и другите членови, да нуди решенија, разговара околу прашања и гласа по нив;
- потпишува официјални документи за кои е потребен потпис;
- комуницира со поединечните членови на УО околу нивните одговорности;
- учествува во процесот на ориентација на новите членови на УО;
- обезбедува работата на УО да е во согласност со правилата за едукација на УО , самооценување и оценување на Извршниот директор.
Член 27
Задачите на потпретседателот на УО се да:
- претседава со состаноците на УО во отсуство на претседателот;
- повикува вонредни состаноци на УО во отсуство на претседателот;
- повикува вонредни состаноци на УО по барање на двајца или повеќе членови;
- потврдува извештаи и документи на кои е потребен потписот на претседателот;
- потпишува официјални документи во отсуство на претседателот.
Член 28
Во надлежност на УО е следното:
- обезбедува спроведување на статутарните и програмските задачи на ЦИРа, како и одлуките и заклучоците на Собранието:
- донесува среднорочен план, годишна програма и план за работа, на предлог на извршната канцеларија;
- донесува финансиски план и усвојува завршна сметка на Здружението;
- предлага измени и дополнување на Статутот;
- одобрува спогодби и склучува договори;
- свикува седници на Собранието;
- донесува одлуки за награди, пофалници и признанија;
- донесува одлуки за набавка и оттуѓување на основните средства;
- дава согласност на Правилникот за организацијата на работите и работните задачи на извршната канцеларија на ЦИРа;
- задачи извршната канцеларија на ЦИРА;
- донесува одлуки по приговори и жалби;
- основа трговски друштва и други правни субјекти;
- именува, врши оценка и поддршка на Извршниот директор;
- превзема активности за изнаоѓање на финансиски средства со цел да се исполни мисијата;
- ја претставува и промовира организацијта во пошироката јавност;
- решава за формирање на ограноци на Здружението;
- носи одлуки за формирање на други тела во рамките на Здружението.
- врши и други работи кои произлегуваат од потребите на Статутот на Здружението и од Законот;
Член 29
Управниот одбор за својата работа е одговорен пред Собранието на Здружението.
Управниот одбор се состанува минимум четири пати во годината.
Седницата на Управниот одбор ја свикува Претседателот на УО.
Со седницата раководи и претседава претседателот, а во негово отсуство подпретседателот.
Извршниот директор учествува во работата на УО без право на глас.
Начинот на свикување на седницата и работењето на Управниот одбор се уредува со Деловник за работа.
Член 30
Членовите на УО можат да бидат ослободени од одговорностите, по нивно барање пред истекот на нивниот мандат со гласање на состанок на УО.
Член на УО може да бидат разрешени пред истекот на својот мандат со гласање на УО само во случај кога:
- членот не е активен и не ги реализира своите задолженија во период подолг од 9 месеци
- не се придржува на одредбите за конфликт на интерес дефинирани во Правлникот за работа на УО.
Во случај на смрт, оставка, или отказ на член на УО, УО има право да покани нов член да служи во текот на преостанатото време.
Член 31
УО донесува одлуки со мнозинство од гласовите на присутните членови на УО .
Кворум на УО сочинуваат пет члена.
УО ќе одобри посебен правилник за дејствување и за процесот на донесување на одлуки.
3. ИЗВРШНА КАНЦЕЛАРИЈА
Член 32
Здружението формира Извршна канцеларија, која ги извршува должностите и задачите содржани во задачите на Здружението.
Организацијата и работата на извршната канцаларија се уредува со акти, што ги донесува Управниот одбор.
Член 33
Извршната канцеларија ги врши раководните, како и стручните и административните работи, односно ги води дневните работи, ги сервисира органите на ЦИРа и ја администрира политиката и програмите одобрени од нив.
Извршната канцеларија:
- подготвува седници на Собранието и на Управниот одбор на ЦИРа;
- ги раководи и ги координира сите планирани активности, во рамките утврдени со годишниот план за работа и со финансискиот план;
- подготвува стратешки, среднорочни и годишни програми и планови за работа и финансиски планови;
- раководи со финансиските средства, мобилизира нови фондови, преговара и склучува договори со донатори и со други финансиери;
- извршува канцелариски работи, ја чува архивата и води сметководство;
- поднесува извештаи за работата и финансиски извештаи;
- идентификува нови корисници, врши оценка на пријавите за финансиска поддршка, подготвува документација и се грижи за спроведувањето на програмските активности, врши нивно набљудување и оценување;
- одржува контакти со други организаии и институции во остварувањето на програмските цели.
- одржува односи со јавноста.
Член 34
Извршната канцеларија ја сочинуваат Извршен директор и потребниот број на персонал. Со извршната канцаларија раководи извршен директор, во својство на главен административен службеник.
Извршниот директор е именуван и за својата работа одговара пред Управниот одбор.
Извршниот директор избира персонал на начин утврден со правилникот за работа.
Правата и одговорностите на Извшниот директор и персоналот се утврдени во правилникот за работа.
Член 35
Персоналот на ЦИРа не можат да бидат назначени или избрани за членови на УО освен ако не дадат оставка од функцијата на вработен.
VII. ПРЕСТАНОК НА ЗДРУЖЕНИЕТО ЦИРА
Член 36
Здружението ЦИРа ќе престане со работа ако:
- затоа одлучат членовите на Здружението,
- ако бројот на членовите се намали под бројот определен за основање,
- ако настапат причини утвредни по член 52 од Законот.
Одлука за престанок на Здружението донесува Собранието со двотретинско мнозинство.
Член 37
По престанок на работата на Здружението, Управниот одбор две недели по одлуката за престанок на работата ќе даде препорака на кое Здружение ќе преминат во сопственост имотот и другите права и приходи што остануваат по намирувањето на обврските.
VIII. АКТИ НА ЗДРУЖЕНИЕТО
Член 38
Измени и дополнувања на овој Статут се вршат по иста постапка како и за неговото донесување.
Член 39
Здружението донесува Статут, правилници, деловници, одлуки, решенија и други акти.
Со правилници и одлуки се регулираат прашања за кои со закон или овој Статут е предвидено да се регулираат со општи акти.
Член 40
Собранието го донесува, изменува и дополнува Статутот.
Предлог за измени и дополнувања на Статутот може да поднесат најмалку пет члена на Собранието со право на глас или Управниот одбор.
Предлогот го разгледува Управниот одбор и заедно со своето мислење го доставува до сите членови на Собранието, петнаесет дена пред одржување на седница на Собранието.
Собранието го донесува Статутот со двотретинско мнозинство од вкупниот број на членови, со право на глас.
Член 41
Измените и дополненијата на Статутот се донесуваат согласно на одредбите од чл.21 и 40 од овој Статут.
Статутарните измени и дополненија стапуваат на сила веднаш по нивното усвојување.
Член 42
Општите акти на Здружението ги потпишува претседателот на Управниот одбор, извршниот директор или за тоа овластено лице.
IX.ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 43
Овој Статут влегува во сила на денот на донесувањето.
Член 44
Со донесувањето на овој Статут престанува да важи Статутот од декември 2003 год.
Претседател на Управниот Одбор
на ЦИРа од Скопје
|