|
ДРУГИ ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ЦИРа
Животниот циклус на ЦИРа: Персоналот на ЦИРа до 2004 работеше во
рамките на Програмата за демократска соработка на УСАИД (USAID Dem Net
Program) што од 1995 до 2004 ја спроведуваше ИТЗ (ISC - Institute
for Sustainable Communities) од Вермонт, САД. Персоналот на
ЦИРа се здоби со обемно искуство во
обезбедување грантови за повеќе од 350 граѓански организации и
финансиски поддржаа 317 проекти распределени во различни области со
вкупен буџет од 8.05 милиони долари. Исто така, околу 100 обуки се
организирани и одржани со цел зајакнување на граѓанското општество во
Македонија. Од 2005 година ЦИРа функционира одвоено од ИТЗ, со 15
вработени, од кои само 5 се од тимот кој работеше во ИТЗ. Поголемиот
број на персоналот на ЦИРа има долгогодишно работно искуство во
меѓународни организации. Во моментот тимот на ЦИРа заедно има 119
години развојно искуство.
Како постигнуваме промени: Со подигнување на свеста на луѓето,
преку приод за создавање вештини и капацитети, како и со дирекни
интервенции за подобрување на животот во заедниците.
Наша определба:
- Програми за развој на заедниците;
- Програми за градење на капацитети од секторот на невладини организации;
- Програми за институционален развој на локална и централна власт;
- Креирање на поволна средина за развој на граѓанското општество.
Ексклузивен програмски приод на ЦИРа:
Координирани: Користиме оригинални критериуми за проценка на
потребите, методи и модели во развојот на програмите соодветни на
реалните потреби на нашите клиенти и целни групи.
Иновативни: 25-те модули на обука понудени од ЦИРа се сеопфатни
и општо образовни и се однесуваат на секој аспект на доброто раководење
и управување со кој било ентитет-НВО, владина институција, приватен
бизнис или поединец.
Вклучени: Нашите програми се креирани со активно учество на
главните засегнати страни препознавајќи го интересот за крајните
корисници. Ние ја цениме и почитуваме индивидуалната, социјалната,
етничката, полната и религиозната разновидност и инсистираме на учество
на граѓаните во процесот на донесување одлуки.
Насочени кон успех: ЦИРа секогаш се фокусира на темелна изградба
на капацитети во индивидуалните организации и институции со
постигнување на видливи промени и одржливи резултати.
|