|
ЦИРа има надворешен управен Одбор кој раководи со организацијата и Извршна канцеларија со Извршен директор, одговорен за целокупното управување со организацијата и нејзиниот персонал и за координирање и имплементација на активностите.
Управен Одбор
 |
Нафи Сарачини, Претседател на Одборот.
Тој е активен учесник во процесот на основање на Граѓански Сектор во Македонија во последниве 12 години. Основач е на неколку граѓански организации и член на одборот во неколку фондации и граѓански организации. Во моментов, Нафи е Советник за граѓанско општество во Делегацијата на Европската комисија во Скопје.
|
 |
Јасминка Фришчиќ, Потпретседател на Одборот
моментално посетува постдипломски студии по Кривично право. Таа е извршен директор на Асоцијацијата за еманципација, солидарност и еднаквост на жените-ЕСЕ. За време на својата кариера таа учествувала во неколку совети, комисии на различни министерства, придонесувајќи во подготовката на закони поврзани со родови разлики. Има направено извештаи кои се однесуваат на женските права и дел во македонскиот извештај за милениумските развојни цели и првиот извештај којшто се однесува на ЦЕДАЊ.
|
 |
Беким Имери
работи за канцаларијата на Светска Банка во Македонија од Септември 2004. Тој е вклучен во проекти за развој на заедниците, во реформи во снабдувањето со вода и секторот за децентрализација. Од 1999 до 2004 година тој работеше на Проектот за реформа на локалната власт, во компонентата за Општинско управување и организација.
|
 |
Душица Перишиќ
е дипломиран машински инженер и извршен директор на ЗЕЛС- Асоцијација на единици на локална власт. Таа даде огромен придонес во креирањето на регионалната мрежа НАЛАс (Мрежа на асоцијации на локални власти од Југоисточна Европа).
|
 |
Славе Младеновски
Магистер по социологија, работи како менаџер за надворешни комуникации во Македонски Телекомуникации. Во исто време тој е консултант во Министерството за одбрана за политички и воени прашања и координира аналитичка група за медиумите и евроинтеграциските процеси. Тој е автор на многу социолошко ориентирани студии. Има објавено и многу есеи и коментари за дневни и неделни весници.
|
 |
Келменд Зајази
магистер за Јавна политика и Менаџмент, од март 2007 е извршен директор на НАЛАС Секретаријатот. Во изминатите 10 години, Зајази работел со УСАИД програми за Локални Владини Реформи и Democracy Network Program во Македонија. Во периодот од 2001 до 2003, тој исто така работел во канцеларијата на European Commission Humanitarian Aid во Скопје, каде што работел во повеќе програми како советник на министерот за здравје, кои што ги има формирано реформите во секторот за здравство во Македонија. Тој е автор на неколку публикации во областа на успешното раководење и развојот на граѓанското општество во регионот на Југоситочна Европа. Неговите главни интереси се прашањата во однос на институцијалниот развој, стратешкото планирање, управување со проектен циклус и др.
Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете
|
Извршна канцеларија
 |
Зоран Стојковски, (Извршен директор)
е извршен директор на Центарот за Институционален развој - ЦИРа, одговорен за целокупното раководство на организацијата и 15-члениот персонал. Има обемно 10 годишно искуство во раководење на организации и обезбедување консултантски услуги, фацилитирање, испорачување на обуки и истражување во полето на институционалниот развој и организацицкото зајакнување за различни домашни и меѓународни организации и институции во Македонија и Југоисточна Европа. Во моментов тој ги реализира магистерските студии на Програмата за Развој на Донаторството на London Metropolitan Uneversity - групата за ЦИЕ во Унгарија.
|
| |
|
 |
Билјана Пашариковска (Раководител на канцеларија)
Моментално работи како раководител на канцеларија во рамките на админ тимот на ЦИРа., и е еден од основачите на ЦИРа и е во тимот од самиот почеток. Има звршено средно образование во Гимназијата “РЈ Корчагин”. Пред тоа, Билјана има работено 4 години за ИСЦ/Демоцрацѕ Нетњорк програмата како Асистент на канцеларија и 1 година во приватна фирма Мак - Мамут од Скопје. Нејзината кариера се состои од 7 години во НВО секторот Работејќи на позиција на раководител на канцеларија Билјана се занимава со рутински административни работи на ЦИРа и беспрекорно ги извршува, имајќи ја во предвид организацијата и нејзината работа. Ја претставува ЦИРа на начин кој обезбедува висок респект и почит за организацијата.
|
 |
Светлана Миленкова (Раководител на програма)
дипломирала на Педагошки факултет. Се приклучи на ЦИРа во август 2005 и работи како координатор за развој на заедниците. Одговорна е за координирање на програми коишто вклучуваат градење на локални партнерства, поддршка и охрабрување на граѓанското учество на локално ниво, како и поддршка на локалнато управување во процесите на планирање и учество.
Покрај нејзиниот ангажман во тимот за развој на заедниците, таа е исто така одговорна за спроведување на проценка на организациските потреби, дизајнирање и импламентирање на програми за развој на капацитети, како и обезбедување на консултатнски услуги, менторство и тренинг на CSOи и институции во Македонија и странство за организациско зајакнување и институционален развој.
Неодамна беше ангажиарана од VNG International како експерт за обуки за менаџмент на човечките ресурси на проект за обуки и развој на капацитети за македонските институции за локално самоуправување. Претходно имаше искуство во работа со женски организации како тренер и PR Officer.
|
 |
Зоран Стефановски (Директор на финансии и развој на ресурси)
Тој дава поддршка при обезбедување на техничка помош и мониторинг на финансиските извештаи и управувањето од македонските граѓански организации коишто добиваат грантови од ЦИРа и обезбедува општа помош на финансискиот раковдител на ЦИРа во секодневните финансиски обврски. Исто така работи како обучувач одговорен за проценка на потребите, осмислување и испорачување на курсеви за обука. Работејќи во невладиниот сектор од 1999 година Зоран се здобил со опсежно знаење и вештини во дизајнирање на програми и раководство, додека беше дел од тимовите на АББА ЦЕЕЛЛИ, АРЦ, ИРЦ. Исто така има искуство во консалтинг при градење на капацитети, менторство и обука за граѓанските организации и институции во Македонија и странство.
|
 |
Васка Драшковиќ (Координатор за развој на заедниците),
во тимот на ЦИРа од Април 2006 година.
Таа е дипломиран психолог и специјалист за ментално здравје, работа со маргинализирани групи.
Има повеќе од 14 години работно искуство во национални и меѓународни организации стекнато работејќи на имплементирање и развивање на најразлични програми и проекти (превенција на ментално здравје, работа со маргинализирани групи, намалување на штети од употреба на дроги, ресоцијализација и реинтеграција на маргинализирани групи, трговија со луѓе, партиципативно учество на граѓаните и развој на заедниците, развој на капацитети на организациите итн. Во текот на ова искуство се стекна со вештини на развивање и водење на проекти и програми.
Како Координатор за развој на заедниците главните активности се однесуваат на имлементирање на програми за развој на капацитетите на заедниците и поттикнување на граѓанското учество како и градење на капацитетите на локалната заедница и организациите.
|
 |
Зоран Богдановски, (Координатор за институционален развој)
и се придружи на ЦИРа во Август 2005. Претходно, тој работел во Институтот за Трајни Заедници (ИТЗ) и е еден од основачите на ЦИРа. Зоран е Доктор по Ветеринарна Медицина. Неговата кариера се состои од шест години работа на развојни програми во Македонија, во полето на развојот на НВОи, младински прашања, филантропија и мобилизирање на локални ресурси, застапување и лобирање, граѓанско учество, организирање на кампањи и решавање на проблеми во локалните заедници. Одговорностите на Зоран во ЦИРа вклучуваат дизајнирање и спроведување на програми за развој на капацитети, како и давање на консултантски услуги, менторство и обуки за невладини организации и институции за организациско јакнење и институционален развој. Тој е одговорен за грантовите за институционален развој за лидерските НВОи, го поддржува нивното креирање и спроведување, и дава поддршка во градење на капацитети.
|
 |
Александар Јовановски, (Координатор за обука)
и се придружи на ЦИРа во мај, 2007.
Работи како координатор за обука во склоп на тимот за обуки на ЦИРа. Дипломирал архитектура на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, Скопје. Девет години работел во интернационални и локални организации за развој, како регионален советник за институционален развој за Македонија, Бугарија и Косово во American Bar Association-Central European Euroasian Law Initiative и како проект координатор и тренер во Македонски центар за Институционална соработка.
Неговите одговорности вклучуваат спроведување на проценки за огранизациски потреби, дизајнирање и импламентирање на програми за развој на капацитети, како и обезбедување на консултатнски услуги, менторство и тренинг на CSOи и институции во Македонија за организациско зајакнување и институционален развој.
|
 |
Катерина Спасовска, (Координатор за развој на Филантропија)
Работниот ангажман во ЦИРа го започнува во февруари 2006 година на позиција Обучувач. Нејзиното искуство во невладиниот сектор датира од 1998 година кога како студент на Економскиот факултет во Скопје станува дел од AIESEC Македонија. По завршувањето на Економскиот Факултет на отсекот Меѓународни економски односи, својот професионален развој го насочува кон развојните програми. Во периодот 2003-2006 година работи на програми за јакнење на бизнис заедницата преку промоција на развојни бизнис ининцијативи, вработување на млади и поттикнување на претприемништвото. Моментално е дел од младите консултанти на Фондот за развој на човечки ресурси (ХРДФ)-Програма за поддршка на бизнисите преку обуки за менаџмент и консултантски услуги. Како дел од тимот за развој на филантропијата на ЦИРа, таа е одговорна за техничка поддршка на Програмата за развој на филантропијата и за прашања поврзани со развој и градење на капацитетите на организациите корисници на грантови во рамките на истата програма.
|
 |
Срџан Амет (Соработник на програма)
е вклучен од септември 2005 година како Помошник обучувач во рамките на програмата “Јакнење на капацитетите на Ромските НВОи и ромската бизнис заедница”. По завршување на програмата продолжува да работи како Помошник на програма и од месец март 2007 работи како Помошник на обука.
Тој е студент во последна година од своето студирање во Правниот Факултет “Јустинија Први” - Скопје, отсек Правни науки. Своето досегашно работно искуство го има стекнато во повеќе локални и интернационални организации, Во последните 2 години, се има стекнато со работно искуство како помошник обучувач во рамките на прокетните активности на ЦИРа. На неговата моментална позиција, Срџан е одговорен за обезбедување на општа поткрепа и поддршка на тренинг тимот на ЦИРа во дизајнирање, спроведување и оценка на обуки за различни партнери на ЦИРа, одржување на интернет страната на ЦИРа и координирање на распоредот и логистиката за состаноци, посети, средби и трнинг активности кои се поврзани со јакнењето на Организациите од Граѓанскиот сектор.
|
 |
Ленче Ѓорѓиевска, (Соработник за развој на филнатропија)
се приклучи на тимот на ЦИРа во март 2005г. Таа е дипломиран политиколог, во моментов е на постдипломски студии за евроинтеграции и комуникации. Како дел од Тимот за развој на филантропија активно учествува во спроведувањето на сите активности од оваа компонента.
|
 |
Ружица Славкова (Административно финансиски помошник)
Нејзината кариера се состои од 4 години во НВО секторот. Претходно работела во Полио плус, како помошник во канцеларија. Како асистент на канцеларија во ЦИРа, таа ја претставува организацијата на начин којшто обезбедува висок респект.
|
|